Магнезиумот се нарекува минерал на животот. Без него нашето тело не би можело да направи ниту едно движење.
Магнезиумот е клучен за работата на нервниот систем и на мускулите. За да го зголемите внесувањето на магнезиум, потребно е да ги конзумирате следниве намирници.
Брокула
Во 65 грама брокула се наоѓаат 51 милиграм магнезиум. Истражувањата докажале дека кај луѓето кои јадат многу брокула постои помал ризик од одредени видови рак, вклучувајќи го и ракот на дебелото црево. Најубаво е да ја јадете сирова или лесно зготвена на пареа, но и во комбинација со домати.
Ленено семе
Во една лажичка, семките лен содржат 40 милиграми магнезиум. Лажичка ленено семе содржи повеќе од половина од дневната препорачана количина на омега-3 масни киселини, а содржат и хранливи влакна и антиоксиданси. Семките лен имаат јаткаст вкус, заради што одлично се согласуваат со јогуртот, житарките или смудињата.
Семки од тиква
Во 30 грама семки од тиква се наоѓаат 74 милиграми магнезиум. Тие се добар извор на хранливи влакна, мононезаситени маснотии кои се добри за срцето, а не им бегаат ниту протеините. Заради влакната и протеините, семките од тиква се одлични грицки за сите оние кои сакаат да ослабат.
Семки сончоглед
Во 30 грама семки сончоглед се наоѓаат 128 милиграми магнезиум. Семките сончоглед се многу добар извор на калциум и полинезаситени масти кои помагаат при намалувањето на лошиот холестерол во крвта, кога се консумираат умерено. Можете да ги јадете како ужина, но бидете свесни дека поголемиот дел од пакуваните семки сончоглед содржат многу сол.
Семки сусам
Во 30 грама пржени семки сусам се наоѓаат 101 милиграм магнезиум. Семките сусам, исто така, се добар извор на железо и витамин Б6. Измешајте ги во тестото за леб или додајте ги во јадењето кое го пржите.