Категории

Намирници кои треба да ги консумирате за да имате здрава насмевка

Сите ние сонуваме да имаме убава и здрава насмевка. За да успеете да го одржувате убавиот и здрав изглед на вашите заби, потребно е редовно миење и чистење.

Но, исто така, потребно е да консумирате повеќе одредени намирници. Следниве намирници ќе ви помогнат секогаш да бидете задоволни со вашата насмевка.

Јогурт

Истражувањата покажале дека секојдневното консумирање на 170 гр обичен јогурт може да помогне во отстранување на бактериите помеѓу забите. Според едно истражување е докажано дека кај децата кои барем четири пати во неделата консумираат јогурт, појавата на кариес е значително намалена.

Овошје и зеленчук

Јаболката, целерот, морковите, кои се богати со влакна, стимулираат плунка, која се бори против бактериите.  Потребно е и често консумирање на грејпфрут и портокал, бидејќи витаминот Ц ги одржува непцата здрави.

Сирење

Сирењето е голем извор на калциум и витамин Д, кои се важни за силни и здрави заби. Особено џвакањето на чедар, гауда и моцарела помага при неутрализирање на киселините кои ја оштетуваа глеѓта.

Риба

Рибата содржи омега 3 масните киселини, кои ја намалуваат појавата на заболувања на непцата. Омега 3 мастите ги намалуваа воспаленијата кои се појавуваат како последица од иритирани непца од бактериите.