Светски реномираниот модел Наоми Кемпбел отворено призна дека се бори со опаѓањето на косата и ќелавоста, кои се последица на нејзината долгогодишна употреба на надградби, плетенки, и слични експерименти.
Често губитокот на косата се поврзува со нив, а главниот проблем се јавува од врвот на главата. Со текот на годините, Наоми е видена со многу ретка коса и ќелавост на многу подрачја на главата кои се причина од разните потреби како модел.
„Сега се грижам повеќе за својата коса откако ја изгубив поради надоградбите“, Наоми изјави за магазинот ES. Иако постепено нејзината коса почнува да расте на деловите каде има ќелавост, таа вели дека не се срами да носи перики.
„Сите на светот носат перики. Тоа веќе не ми е важно, го правам она што сакам и што ме прави да се чувствувам подобро“.