Категории

Напиток за чистење на бубрезите: Ослободете се од проблемите со камен или песок во бубрезите!

Доколку ги исчистите бубрезите и црниот дроб, бидете сигурни дека телото ќе ви функционира како што треба и дека ќе ги исфрли токсините навреме.

Бубрезите имаат функција да ги филтрираат токсините и отпадните прозиводи од крвотокот. Без балансирана исхрана и адекватно внесување на вода, токсините може да се насоберат и на тој начин да влијаат врз функцијата на црниот дроб, органите за варење и бубрезите.

Постојат неверојатни билки кои им помагаат на бубрезите да ги исфрлат отровите од телото. Брусницата ги чисти бубрезите од калциумовиот оксалат, кој е главна причина за бубрежните камења. Цвеклото содржи корисна фитохемикалија која се нарекува бетамин, а помага во ќистењето на бубрезите од насобирањето на калциум фосфат.

Лимонот е одлична одбрана од камен во бубрегот, бидејќи помага во зголемувањето на нивото на цитрати во урината. Краставиците и целерот исто така имаат природен диуретски ефект, одржувајќи ги бурезите здрави.

Состојки:

  • 1 шолја свежа брусница
  • 2 големи цвекла (излупени)
  • 1 јаболко
  • 4 стебленца целер
  • 1 лимон (излупен)
  • 5 цм корен од ѓумбир

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и напитокот пијте го веднаш, штом го направите.

Прегледи:
954
Објавено на:
21.08.2019