Доколку сте поборници на здравиот начин на живот и сакате да го негувате телото со природни препарати, пробајте со домашно подготвен дезодоранс. Веќе со години се зборува дека дезодорансите се канцерогени заради големата количина на алуминиум која ја содржат.
Покрај тоа, на многумина не им одговараат хемикалиите кои се во дезодорансите,па затоа имаат проблеми со иритации, осип, рани под пазувите. Ако сакате да ја негувате својата кожа со природни препарати, пробајте го овој дезодоранс.
Потребни состојки:
- 6 лажици кокосово масло
- 1/4 лажица сода бикарбона
- 1/4 пченкарен скроб
- есенцијални масла (не е неопходно)
Начин на подготовка:
Помешајте ја содата бикарбона со пченкарниот скроб. Додадете го кокосовото масло. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Додадете есенцијално масло по избор. Смесата ставете ја во тегличка или во празен стик и користете ја исто како и обичен дезодоранс. Додека кокосовото масло ја негува кожата, сода бикарбоната со оглед на тоа што е базна- го спречува создавањето на непријатен мирис. Есенцијалните масла во овој случај служат како додаток, заради мирисот.