За да бидете полни со енергија за секојдневните обврски, направете го овој напиток и ќе се воодушевите.
Состојки:
- 1 банана, излупена и исецкана на кругови
- 1 јаболко, излупено и исецкано на парчиња
- 1/2 сок од портокал
- 1/4 шолја млеко
Подготовка:
- Сите состојки ставете ги во блендер и матете ги додека не добиете хомогена смеса
- Ставете го направеното смути во чаша, а по желба додадете и малку цимет