Категории

Направете магична новогодишна тегла за желби

Романтична, едноставна и магична декорација – еве како да направите новогодишна тегла за желби.


Наместо да купувате скапи свеќници и вештачки аранжмани, направете магична декорација од материјалот кој веќе го имате дома. Магичната тегла, освен што е едноставна за изработка, може да се направи на повеќе различни начини.

Потребни ви се: тегла, свеќичка и декоративен материјал. Како декорација може да се користи хартија, платно, ленти, цртежи и сл.

Бидејќи ова е тегла за желби, во неа треба да ги ставите и вашите желби, испишани на хартија. Не заборавајте да додадете и малку миризлива сол, која ќе шири пријатен мирис низ куќата. Бидете внимателни кога ќе ги правите украсите за да не ги изгорите.