Категории

Направете несекојдневен десерт: Слатки портокали!

Израдувајте ги вашите непца!

 

Состојки:

  • 6 портокали
  • 500 г шеќер
  • 300 мл вода
  • 200 г црно чоколадо
  • 3 лажички масло

Подготовка:  

Портокалите измијте ги добро, исечете ги на кругови во дебелина од три до пет милиметри. Шеќерот ставете го како за слатко, па на умерена температура половина час варете ги круговите. Тргнете ги од оган и оставете да се оладат и така да преноќат. Другиот ден извадете ги круговите и наредете ги на хартија за печење. Потоа исушете ги во рерна на 100 степени четири часа. На секој час вртете ги круговите, кога ќе бидат суви и кога ќе се оладат, ставете ги до половина во чоколадо со малку масло.

Прегледи:
695
Објавено на:
21.03.2019