Категории

Направете плескавици без месо! (РЕЦЕПТ)

За подготовка на плескавиците од тиквички потребни ви се само 20 минути.

Состојки:

  • 2 помали тиквички
  • 2 јајца
  • 2-3 лажички брашно
  • сол и зачин по вкус
  • половина прашок за пециво
  • масло за пржење

Начин на подготовка: 

Изрендајте ги тиквичките и додадете им малку сол. Оставете ги да отстојат 10 минути, за да ослободат малку вода. Во посеба чинија изматете ги јајцата и додадете ги исцедените тиквички. Додадете брашно, пециво и зачини, па соединете ги со вилушка. Не би требало да биде погусто од смесата за палачинки. Со лажица земајте од смесата и пржете ја на врело масло, но плескавиците одделете ги да не бидат премногу дебели. Откако ќе ги испржите ставајте ги на хартиена салфетка, за да се исцедат.

 

Прегледи:
1013
Објавено на:
19.06.2018