Категории

Направете протеински леб: Вкусно и здраво! (РЕЦЕПТ)

Со само малку труд и многу љубов, ќе направите домашен леб кој ќе го обожава целото семејство. Слободно јадете го за појадок со пржени јајца или омилената шунка, намачкајте го со намази или на него ставете авокадо кое претходно малку сте го посолиле или побибериле.

Состојки:

  • 300 гр посно сирење
  • 100 гр мелени бадеми
  • 100 гр ленено семе
  • 125 гр овесни снегулки
  • 1 лажичка сол
  • 6 гр прашок за пециво (половина кесичка)
  • 8 белки
  • 2 лажички сусам
  • 2 лажички семки од тиква (по желба)
  • 2 лажички семки од сончоглед (по желба)

Подготовка:

Во подлабок сад измешајте ги сувите состојки: мелени бадеми, ленено семе, овесни снегулки, сусам, сол, прашок за пециво и семките. Додадете ги изматените белки и посното сирење, па добро промешајте. Калапот за леб обложете го со хартија за печење и ставете ја смесата. Израмнете со лажица, па ставете да се пече околу 50-60 минути во претходно загреана рерна на 180°C. Кога лебот е испечен, ставете го на решетка за ладење и оставете да се олади, па потоа сечете го.

Прегледи:
1676
Објавено на:
09.01.2019