Категории

Направете сами: Балетанки на врзување

Се повеќе можеме да го почувствуваме крајот на зимата, и надоаѓањето на првите топли пролетни денови. Можеби е време да започнете да размислувате за времето кога ќе ги соблечете чизмите, и ќе ги ослободите вашите стапала во лесни, елегантни балетанки. Доколку се сметате себеси за девојка која не се плаши да експериментира со своите обувки, тогаш можеби оваа идеја за освежување на минатогодишните обувки е токму за вас.

Погледнете како брзо и лесно да создадете сопствен редизајн на вашите чевли.

Потребни материјали:

– обични (по можност еднобојни) балетанки
– кожни врвки
– направа за бушење дупки на кожа
– маркер

Подготовка:

1. На самата средина на балетанките пробушете дупка.

2

2. Низ неа провлечете ја кожната врвка. Потребно е краевите да ви останат еднакви на двете страни. Нив ќе ги провлечете низ нови две дупки кои ќе ги направите од двете страни на балетанките (како на фотографијата).

3

3. За уште подобар ефект, направете уште две дупки, вкрстете ги врвките, и продолжете нагоре кон глуждовите.

4

На овој начин ќе го добиете овој ефект на необични, кул балетанки, за кои со гордост ќе можете да кажете дека самите сте си ги направиле.

5

Прегледи:
1012
Објавено на:
27.02.2016