Категории

Направете сами: Неодоливо вкусен сладолед од кафе

Речиси сите го обожаваат кафето во сите можни облици, а денеска на менито имаме еден неодолив рецепт за кој знаеме дека ќе го обожавате. Ова лето кафето доби облик на сладолед кој освежува повеќе одошто можете да замислите. Во продолжение читате многу едноставен рецепт за вкусен сладолед од кафе со здрави состојки.

Потребно:

-Една лажица ладно кафе

-Една лажица млеко од бадем, лешник или кокос

-Една лажица индиски оревчиња

-Две, три лажици јаворов сируп

-1/2 лажица екстракт од ванила

-1/8 морска сол

-Две лажици свежо кафе во зрно

-Две лажици изрендано црно чоколадо

napravete-sami-neodolivo-vkusen-sladoled-od-kafe-233309

Подготовка:

Измешајте ги кафето, млекото, индиските ореви, сирупот, ванилата и солта во блендер додека смесата не стане кремаста. Иситнете ги добро зрната кафе и измештајте ги со изренданото црно чоколадо, а потоа ставете ги во калапите за сладолед. Внимавајте рамномерно да ја поделите смесата, а доколку ви остане малку од кафето во зрно и чоколадото, ставете ги одозгора.

Замрзнете ги и уживајте во десертот!

Прегледи:
410
Објавено на:
18.08.2016