Категории

Направете сами природен лек против опекотини од сонце (ВИДЕО)

За брзо и здраво смирување на кожата, треба да го искористите делотворниот ефект на алое вера. 

Алое вера е еден од најдобрите природни лекови кои ги ублажуваат опекотините и ја ладат кожата. Замрзнатите коцки алое вера на здрав начин ја лечат кожата давајќи и дополнително ладење и смирување. Со неколку зелени коцки замрзнат гел во вашиот замрзнувач, ќе имате брз и практичен начин за ублажување на опекотините и забрзано лечење.

Подготовка

Заледените коцки алое вера е едноставно да ги приготвите. потребен ви е алое вера гел и чист силиконски калап за лед. Ако имате дома алое вера, можете и сами да исцедите, а доколку немате може да го набавите од продавниците за здрава храна. Наполнете го калапот со алое вера и ставете го во замрзнувач. По неколку часа ќе имате замрзнати коцки алое.

 

Предупредување

Коцките алое вера нема многу да ви помогнат доколку станува збор за силни опекотини, особено ако веќе ви се појавиле пликови. Во тој случај потребно е да посетите доктор.

Прегледи:
495
Објавено на:
21.08.2018