Категории

Направете слатки пуканки во боите на виножитото

Доколку сакате да направите забава за деца или возрасни на која сакате да послужите интересни грицки или пак нешто што до сега не сте го направиле, тогаш пуканките во боите на виножитото се вистинско решение за вас.

Изненадете ги вашите најблиски со чинија полна со мачмелоу пуканки или пак со чоколадни пуканки во боја. Доколку не знаете како да ги приготвите, во прилог прочитајте ги следните слатки рецепти.

Манчмелоу пуканки

Потребни состојки за подготовка:

Готови пуканки (несолени)

Манчмелоу колачиња (бели или во боја)

Боја за храна

50 грама путер

Мали и шарени чоколадни трошки, по желба

Начин на подготовка:

Oднапред подготвените пуканки ставете ги во сад за послужување. Колачињата распоредете ги посебно во четири сада кои можете да ги ставите во микробранова. Во секој сад додајте по една лажичка путер и загрејте ги во микробранова на највисоката температура, околу 25 секунди. Измешајте и по потреба ставете ги уште малку во микробранова, односно додека колачињата не се стопат целосно. Ако сте користеле бели манчмелоу колачиња, во секој сад додајте различна боја за храна. Со растопените колачиња полијте ги пуканките, измешајте ги и оставете ги да се оладат, а потоа раздвојте ги и послужете ги.

Чоколадни пуканки во боја

Потребни состојки за подготовка

Готови пуканки (несолени)

Бело чоколадо (количината зависи од пуканките)

Боја за храна

Начин на подготовка

Растопете го белото чоколадо со малку путер или вода, поделете го во повеќе садови и во секој сад додајте различна боја за храна. И пуканките распределете ги во садови, па прелијте ги со обоеното чоколадо и измешајте.

Сигурни сме дека ќе уживате во чоколадното слатко задоволство