Категории

Направете совршен ролат од јагоди и ванила на едноставен начин! (РЕЦЕПТ)

Ако сакате да ги изненадите своите најмили или гостите кои ви доаѓаат прв пат, подгответе го овој едноставен ролат од јагоди. Јагодите и ванилата гарантираат фантастичен вкус на овој одличен десерт.

Состојки: 3 јајца, 5 лажици брашно, 5 лажици бел шеќер, 100 милилитри млеко, малку сол, лажичка екстракт од ванила, 5 лажици џем од јагоди, 100 милилитри слатка павлака.

Подготовка: Измешајте ги жолчката и шеќерот, додадете брашно, екстракт од ванила и млеко. Во таа смеса измешајте и три белки и малку сол. Мешајте со гумена или дрвена лажица во една насока и три пати додавајте белки, како би останал што повеќе воздух во бисквитот.

Во голем калап за печење ставете хартија за печење и распоредете го бисквитот. Печете од 5 до 7 минути во рерна загреана на 180 степени. Бисквитот не смее да се препече, инаку ќе пука во текот на виткањето. Откако ќе завршите со печење, на топлиот бисквит намачкајте џем од јагоди и тенок слој слатка павлака.

 

Свиткајте го внимателно одвојувајќи го од хартијата за печење. Оставете на ладно да се стегне. На готовиот ролат истурете шеќер во прав.