Категории

Направи сам: Миризливи шишарки

Ако сте сочувале неколку шишарки кои сте ги собрале минатата есен, ние ви откриваме начин како од нив да направите миризливи украси

Што ви е потребно:
-Шишарки
-Етерично масло по избор (цимет, лаванда, ванила…)
-Пластична хартија за виткање
-Сад со вода
-Плех за печење

Како да ги направите:

Чекор 1
Прво добро исчистете ги шишарките во внатрешноста од нечистотиите. Тоа ќе го направите на тој начин што ќе наполните сад со вода и во неа ќе ги ставите шишарките. Ставете хартија или некој друг предмет така што ќе ги држи под вода наместо да лебдат над водата. Нека стојат натопени околу 1 час и потоа преминете на следниот чекор.

Чекор 2
Ставете ги шишарките во плех за печење кој сте го обложиле со фолија и ставете ги во загреана рерна на 200 степени отприлика 30 минути. Така тие ќе се отворат а високата температура ќе ги уништи евентуално преостанатите гадинки кои останале после потопувањето во водата.

Чекор 3
Откако ќе изладат, ставете ги во пластична вреќа. Потоа во неа напрскајте 30-тина капки од омилената комбинација на етерични масла. Затворете ја вреќата добро и притиснете внимателно врз нив.

Чекор 4
Оставете ја вреќата некаде каде што нема да ви смета околу недела дена, за шишарките добро да го впијат мирисот, колку повеќе стојат во вреќата повеќе ќе мирисаат.

Прегледи:
793
Објавено на:
26.01.2020