Категории

Направи сам: Модерна кафе масичка

Ако ви е потребна масичка за дневната соба која може да ви послужи и како наткасна во спалната соба, оваа масичка од дрвени стапчиња е брз и едноставен проект за вас.

Откако ќе ја направите основата на масичката, можете да изберете материјал за горната табла. Тоа може да биде парче дрвена даска или гранитна или мермерна плоча.
Иако на прв поглед ова изгледа како комплициран проект, откако ќе го погледнете долното упатство ќе видите дека е супер лесно и едноставно.

Материјал кој ви е потребен:
-Картонска туба (цевка)
-Дрвени стапчиња (по можност борови исечени по должина на пола во висина на картонската туба)
-Горна табла
-Лепак за дрво
-Хартија шмиргла
-Столарски стегач
-Метро и молив
-Боја за премачкување по желба

Како да ја направите масичката:

Чекор 1
Исечете ја картонската кутија и дрвените стапчиња на посакуваната величина, т.е. на висината на масичката. После тоа добро шмирглајте ги ивиците за да бидат мазни.

Чекор 2
Означете права линија за прецизно поставување на стапчињата. Нанесете лепак на првото стапле и прицврстете го со стега на картонската туба, користете права линија како водиш за правецот. Секогаш проверувајте дали стапчињата се поставени право.

Чекор 3
Повторете го горниот чекор се додека не ја прекриете целата површина на картонската туба со стапчиња. Ако е потребно шмирглајте некоја нерамна или груба ивица.

Чекор 4
Исфарбајте ја масичката по желба, можете да користите акрилни или некои други бои. Поставете ја горната табла која сте ја избрале и масичката е спремна за користење.

 

Прегледи:
1129
Објавено на:
23.01.2020