Категории

Направи сам: Помошна масичка за вашиот балкон!

Овој DIY проект (направи сам) е лесен и едноставен избор за вашиот балкон. Оваа масичка посебно е практична за малите балкони, каде што секој милиметар е важен.

  • Потребни материјали:

Пред се, потребни ви се метални држачи како тие на сликата. Потоа ви треба мал правоаголен послужавник или табла за маса, ткаенина со шарен дизајн, зацврстнувач за ткаенини, четка и ножици.

  • Начин на изработка:

На ткаенината нацртајте го обликот на послужавникот, а потоа исечете и залепете ја ткаенината врз послужавникот. Со четка нанесете тенок слој зацврстнувач за ткаенини. Почекајте да се исуши. Кога ќе биде суво, прицврстете ги металните држачи и закачете ја масата на оградата.