Војвотката Кејт Мидлтон и принцот Вилијам вчера посетија едно градилиште во Њуки. Принцот и војвотката ги искористија последните сончеви денови за пастелна комбинација во која изгледаа свежо.
Убавата Кејт одбрала едноставен розев фустан од дизајнерката Лела Руз, кој го дополни со мала беж ташничка и своите омилени високи потпетици во нежна сива боја. Принцот Вилијам облече сини панталони, бела кошула и светло сино сако.
Популарниот пар ги изненади работниците и локалните жители кои се собраа за да ги видат. Работникот Сем Вејн го искористи нивното доаѓање за да направи селфи фотографија.
Додека другите се придржува до протоколот и мирно стоеја за време на проаѓањето на Кејт и Вилијам, работникот пристапи, го подигна телефонот и успеа да направи селфи фотографија со славниот британски пар, Тој истото го направи и пред две години, кога на градилиштето каде што работи, пристигна принцот Чарлс.