Секоја жена сака комплименти, но дури и убавите нешта имат свои граници
Најлесниот начин да ја препознаете личноста која се преправа е да обрнете внимание на ситницте кои несвесно ги прави за да ве импресионира.
Многу е важно да знаете да го препознаете манипулаторот затоа што неговите префригани вештини многу често ги гледаме како префинети џентлменски манири
Овие нешта го издаваат:
Опседнат е со правилата и не му е важно што вие мислите за тоа
Вистинскиот џентлмен ќе ја плати вечерата, ќе ви ја отвори вратата, ќе ви помогне да го соблечете капутот, но нема да се налути ако вие одбиете нешто од тоа. Од друга страна, манипулаторот ќе реагира агресивно или остро, и ќе ве обвини дека не му дозволувате да биде џентлмен.
Претерува со комплиментите
Секоја жена сака комплименти, но дури и убавите нешта имаат своја граница. Џентлменските манири се познати и тие не зборуваат премногу, додека манипулаторот ќе ви кажува толку убави зборови што на крајот се ќе ви звучи како лажно и клише.
Знае да ви ги наброи сите свои „добри дела“
Секоја жена барем еднаш во животот е се шокирала кога маж и ја платил пијачката а пота сфатила дека за тоа му должи, затоа што тој го повторил тоа милион пати. На вистинскиот џентлмен тоа му е испод чест, додека манипулаторот сака да се чувствувате должни.
Љубезен е само спрема вас
Најлесниот начин да го препознаете лажниот џентлмен е да обрнете внимание како тој ги третира луѓето кои моментално не се обидува да ги воодушеви. Манипулаторите се по правило толку фокусирани на зацртаната цел што потполно забораваат дека и спрема другите луѓе треба да се однесуваат со почитување и манири. Ако спрема вас е прекрасен, а на пример спрема келнерот е непристоен и груб, знајте дека порано или подоцна, и вам ве очекува вакво однесување.