Наса планира да испрати дрон наречен Вилинско коњче на Титан, најголемата месечина на Сатурн.
Титан, е најголемата месечина на Сатурн, а втора по големина во Сончевиот Систем, поголема е од планетата Меркур, но помалку масивна, и е единствената месечината во Сончевиот Систем која поседува атмосфера.
Наса ја најави својата нова мисија во истражувањето на Сончевиот систем во потрага по траги кои ги можеле да го објаснат потеклото на популацијата. Планира да испрати дрон наречен Вилинско коњче на Титан.
„Денес со гордост најавувам дека нашата идна мисија, Вилинско коњче, ќе ја истражува најголемата месечина на Сатурн-Титан“- истакна во видеоконференција Џим Бриденстин од НАСА.
Вилинското коњче, дрон со големина на возило за голф со 4 пропелери, во 2026 година ќе тргне на 8 годишна мисија кон Титан, месечината која орбитира околу Сатурн. Титан е познат по сличноста со раните карактеристики на Земјата и потенцијалот за истражување и проучување на потеклото на животот.
Вилинското коњче кое има нуклеарен погон ќе биде првиот дрон способен да лета повеќе од 160 километри низ густата атмосфера на Титан.
„Титан е поинаков од било кое друго место во нашиот Сончев систем и најспоредлив е со раната Земја“-додаде Бриденстине.
Инструментите на Вилинското коњче ќе го проценуваат настанувањето на Титан и ќе бараат хемиски траги од минатиот, па дури и од сегашниот живот.
Вилинското коњче е 4-та мисија за истражување на Сончевиот систем во рамките на НАСА програмата.