„Откритија Европа Откритија Планета“ е интернационален фестивал во Москва. Марија се натпреваруваше во категорија естрадно пеење и освои диплома Прв Лауреат Премија – прво место.
Марија беше единствен кандидат од Македонија и донесе награда за својата земја. Македонското знаме се вееше меѓу другите знамиња на земјите учеснички (Русија, Казахстан, Кина, Азербеџан, Литванија, Латвија, Словенија, Србија, Малта)…
Натпреварот траеше 3 дена – на 29-ти, 30-ти и 31-ви март. На 1-ви април се прогласија победниците и се доделија награди според освоени поени од интернационална жири комисија на свечен гала концерт.