Категории

Нашинец од Торонто чести двајца да навиваат за Македонија на негова сметка- но има неколку услови

Фантастичните игри на македонската ракометна селекција на Европското првенство (ЕП) во Хрватска не ги воодушеви буквални сите во нашата држава, туку рамнодушни на големото срце на избраниците на Раул Гонзалес не останаа ниту нашинците од дијаспората, особено тие од прекуокеанските земји кои немаат никаква можност да дојдат и во живо да ги бодрат жолто-црвените.

Но, огромната желба барем на некој начин да биде дал од оваа магична атмосфера која изминатава недела владее во Загреб, а денеска се пресели во Вараждин донесе и невообичаени потези на дел од Македонците кои живеат од другата страна на Атлантикот.

Некако најуникатен е потегот на велешанецот Тони Темелковски од Велес, кој на Фејсбук понуди да ги плати трошоците за две лица кои сакаат да ги следат средбите на Македонија од втората фаза. Тој го плаќа ноќевањето, билетите како и патните трошоци, додека на среќниците е само самите да ја организираат авантурата.

„Донацијата е од срце, поради тоа што би сакал да сум таму, но не можам. Оваа прилика не ја користам за фалење, ниту за привлекување внимание, чисто сакам да ја поттикнам дијаспората и сите кој ги следат ракометарите од пред малите екрани, а не се во можност да бидат таму, да донираат како мене за поддршка на нашата силна репрезентација! За МАКЕДОНИЈА!“, напиша Темелковски.

Единствено што иселеникот со срце големо како планина бара од нив е да му испратат фотографии и видеа од атмосферата во Вараждин. За да почуствува како и тој да е дел од феноменот наречен навивачка фаланга.

Извор: Sport1.mk

Прегледи:
399
Објавено на:
20.01.2018