Категории

Нашитe баби знаеле како треба: 3 тајни за витка линија и здрав метаболизам

Хранливите влакна на сливите, зелката и гравот го „лекуваат“ запекот, го намалуваат холестеролот и ја поттикнуваат работата на метаболизмот.

Храната богата со хранливи влакна го забрзува метаболизмот, ги решава проблемите со столицата и го поттикнува согорувањето на масните наслаги. Овие намирници се богати со тие хранливи материи, а редовно ги јаделе и нашите баби.

Грав

Гравот е извор на растителни белковини и диетални влакна прави чуда за метаболизмот и телото. Гравот ефикасно заситува, а богат е со железо и магнезиум кои ги опуштаат мускулите после вежбање или пливање.

 Сливи

Тие го стабилизираат варењето на храната. Содржат и некои антиоксиданси кои се важни сојузници во борбата со дијабетес, дебелина и спречуваат срцеви болести. Јадете свежи плодови како ужина, но можете да ги додадете и во јогурт или смути. Дозволете си себеси и парче колач од слива по рецептот на вашата баба.

Зелка

Зелката, како карфиолот, кељот и брокулата, е еден од најздравите зеленчуци кои можете да ги ставите во вашата чинија. Преполна е со фитонутритиенти, диетални влакна кои го „лекуваат“ запекот, го намалуваат холестеролот и ја поттикнуваат работата на метаболизмот. Најдобро е да ја исечете на тенки ленти и да ја јадете свежа во летни салати.

Прегледи:
427
Објавено на:
22.07.2016