Македонските фудбалски херои, репрезентацијата до 21 година, на големиот националниот празник 11-ти октомври, на спортската фудбалска Арена Филип II ќе ја пречекаат селекцијата на Шкотска, за победа и историски пласман.
Имено, нашите млади фудбалери за првпат ќе имаат можност да се борат за учество на Европското првенство во 2017, кое ќе се игра во Полска.
Предизвик за младите македонски херои, но и причина повеќе за многубројните симпатизери и македонски навивачи, на Денот на востанието на Република Македонија да го наполнат најголемиот
наш стадион во главниот град и да им ја дадат неопходната поддршка на младите наши играчи, предводени од селекторот Благоја Милевски.
А, вака изгледа моменталната табела за квалификациите за млади фудбалери до 21 година на ЕП 2017 во Полска:
Група 3
1.Македонија 18
2.Франција 17
3.Исланд 15
4.Украина 10
5.Шкотска 8
6.Северна Ирска 1