Категории

Наскоро ќе може да ни пораснат нови заби и тоа за само 9 седмици

Губењето на забите е процес со кој се соочуваат сите луѓе. Тоа е дел од животот, но за среќа постојат алетернативни решенија кои ги заменуваат изгубените заби. Наскоро тие можеби нема да бидат потребни. Научниците имаат решение за растење на нови заби.

Новата техника им овозможува на луѓето да им пораснат нови заби за само 9 седмици и тоа со помош на сопствените матични клетки.
Имено, научниците направиле експеримент со 22 глувци. Резултатите се објавени во списанието „Journal of Dental Research“. Откако факторите на раст ги имплантирале во устата на глувците, новиот коскен материјал се регенерирал и интегрирал за 9 седмици. Според истражувањата, ова е прв пат ваква структура да се регенерира во жив организам.
Ако овој третман се покаже како успешен, дефинитивно ќе биде еден од најуспешните медицински подвизи, но и исплатливо решение за пациентите кои не можат да си дозволат забни импланти. Универзитетот во Колумбија кој го правел истражувањето поднел пријава за патентирање на оваа технологија и бара начин како процесот да го направи комерцијално достапен.

Прегледи:
797
Објавено на:
16.05.2019