Категории

Наскоро ќе биде објавен датумот за реваншот Кличко-Фјури

Питер Фјури, чичко и тренер на светскиот шампион во бокс во тешка категорија во верзиите ВБО и ВБА, Тајсон Фјури, во интервју за WBN изјави дека се блиску до постигнување на договор за реваншот со Владимир Кличко.

„Многу сме блиску до финализирање на работите, се уште се прецизираат некои детали. Кличко со сигурност нема да се откаже. Тој секој ден е на телефон со својот тим и сака мечот да се одржи колку е можно побрзо“, изјави Питер.

„Наскоро ќе бидат објавени датумот и местото на одржување, но можам да кажам дека е сосема веројатно тоа да се случи во Велика Британија. Ќе бидам навистина добро, ако тоа се случи“, додаде Фјури.

Прегледи:
503
Објавено на:
19.02.2016