Португалскиот „Вог“ со своето априлско издание напиша историја- насловната страница и припадна на Thando Hopa, јужноафрички модел. Таа е првиот албино модел во светот кој се појавил на насловната страница на овој престижен моден магазин.
View this post on Instagram
На Инстаграм Hopa напишала дека и има кажано на блиска пријателка колку прекрасно би било на насловната страница на „Вог“ да се појави жена со албинизам, но никогаш не помислила дека таа жена ќе биде токму таа. Таа исто така напишала дека е многу емотивна заради тоа што постои напредок и таа е дел од приказната за напредокот.
View this post on Instagram
-Стигнав до момент во својата кариера во кој го ценам секој дел од своето тело и знам дека каде и да одам, моето постоење такво какво што е- беше и секогаш ќе биде доволно- истакнала Hopa на својата Инстаграм објава.
View this post on Instagram
Луѓето со албинизам се уште се соочуваат со голема стигматизација, прогон, па дури и убиства во многу африкански земји, вклучувајќи ја и Јужноафриканската Република. Hopa е посветена на активизмот за освестувањето од таа заблуда.
Албинизмот претставува наследна генетска состојба при која има намалено производство на меланин во кожата.
View this post on Instagram
Hopa својата посветеност и упорност ја искажува и со поезија и глума. BBC минатата година ја прогласи за една од 100-те највлијателни жени во светот во полето на друштвениот активизам, политиката, уметноста и науката.