Категории

Настан што не се случува често: Кралицата на Данска абдицираше, а Данска доби нов крал!

Маргарета Втора, кралицата на Данска се откажа од престолот со што како нов крал автоматски стана нејзиниот најстар син Фредерик Десетти.

Маргарета Втора беше монарх со најдолг стаж во Данска.

Имено, кралицата владееше цели 52 години, монарх што најдолго владеел со Данска.

Копенхаген, главниот град на Данска се претвори во место преполно со луѓе од целиот свет коишто дојдоа да ја поздрават кралицата.

Ова е настан што ретко се случува, кралицата е првиот дански монарх што во речиси 900 години доброволно абдицираше.