Категории

Наставничка создала 23 плетени кукли кои го претставуваат секој нејзин ученик

Образованието беше многу погодено поради пандемијата, а децата мораа да ги слушаат своите предавања од дома. Дружењето, учењето, стекнувањето нови искуства особено им недостасуваше на децата, но исто така и на нивните наставници.

Оваа промена тешко беше прифатена, поради фактот што тие беа навикнати да се гледаат секојдневно и одеднаш мораа да бидат одвоени едни од други.

Токму тоа било инспирација за оваа наставничка од Холандија да исплете 23 мали неодоливи кукли кои ги претставуваат секој од нејзините ученици во класот.