Категории

Научете го бебето како да држи лажица

Оваа важна алатка треба да се најде во рацете на вашето дете веќе на година дена. 

На возраст од една година детето полека покажува интерес за лажицата и сака да ја земе во својата рака за да може самостално да експериментира со оваа чудесна алатка и да истражи како функционира вештината на самостално јадење. Радувајте му се на овој момент! Тоа е знак дека вашето дете е љубипитно, а нередот кој ќе настане е само мала жртва во низа од многуте кои треба да ги направите како родител во однос на развојот на љубопитниот дух на детето.

Во која рака се држи лажицата?

Лажицата не мора да биде во десната рака. За почеток внимавајте која рака детето повеќе ја уотребува, со која ги фаќа играчките, со која фрла…Можете да ја ставите лажицата пред детето и да видите со која рака ќе посегне по лажицата. Децата понекогаш ги користат и двете раце паралелно. Ставете ја лажицата во онаа рака со која почесто се користи.

Што понатака?

Наредете ги прстињата од раката на лажицата и не испуштајќи ја раката на детето неколку пати принесете ја лажицата до устата на детето. Кога ќе почувствува како се прави тоа, самото ќе проба да ги емитира истите движења. Не зажалувајте ако од тој момент детето сака исклучиво да јаде само, било со прсти или со лажица. Правилното држење на лажицата ќе го усоврши со тек на време, а до тогаш сигурно ќе има храна насекаде, на подот, на масата, по облеката, секаде…

Имајте на ум дека ако вие постојано го раните детето, а тоа често го прават мајките чии деца не сакаат многу да јадат, детето ќе стекне навика да не јаде самостојно, од која нема лесно да се ослободите. Вашите проблеми со нејадењето ќе станат уште поголеми, бидејќи јадењето ќе стане игра со негодување, а не самостојно истражување на нови вештини и вкусови.

Која опрема би можела да ви користи?

Наоружајте се со трпение и влажни марамчиња, а не е на одмет да набавите и практични пластични лигавчиња во кои би можела да заврши фрлената храна. Запомнете дека во таа ситуација и вие сте на тест. Од вас зависи дали ќе се радувате на новите успеси на детето и ќе ги прифатите или ќе го прекорувате детето кое прави голем чекор кон самосталноста.

Задача за малку постарите деца 

Замислете ја следнава ситуација: детето го изело својот оброк и тргнува да ја однесе својата чинија во кујната. Но мајката ја следи целата ситуација и веќе е на нозе, ја зема чинијата од рацете на детето, особено ако во чинијата останало нешто. Ви звучи познато? За жал, да!

Прво што детето го учи од овој чин е дека нема потреба да се труди и да раскрева по себе бидејќи мама ионака ќе го направи тоа за него. Ако го оставите само да ја крене чинијата, детето би вежбало дејствие кое не е ни малку лесно за него, а истовремено и би создало убава навика. Затоа поттикнете го своето двегодишно дете за почеток да ја носи својата празна чинија до мијалникот.

На три до три и пол години тоа веќе може да биде голема чинија со малку течност во неа, а со тек на време и со нешто повеќе. Може да направите и игра на оваа тема. Можете да го вклучите и таткото, па да направите игра во која ќе се натпреваруваат кој прв ќе и ја однесе чинија полна со топчиња на мама во кујната. Во чинијата може да има и малку вода, а истурената вода детето може и само да ја избрише бидејќи веќе е големо, зар не?

Прегледи:
364
Ознаки:
· ·
Објавено на:
22.02.2017