Категории

Научете како да направите превкусна паштета од зеленчук (РЕЦЕПТ)

Паштета од зеленчук е идеален избор на храна кога сакате да ги изненадите вашите пријатели. Лесна е за подготовка и брзо се јаде.

Состојки:

  • 100 гр ореви
  • 2 стебленца целер
  • 1 црвена пиперка
  • 1 лута пиперка
  • 2 лажици маслиново масло
  • бибер
  • 1 лажичка хималајска сол
  • малку црвен пипер

Подготовка:

Исечете ги оревите, целерот исечете го на ленти, пиперката на коцки. Потоа зеленчукот ставете го во блендер, додадете маслиново масло, бибер, хималајска сол и малку црвен пипер и мешајте. Додадете повеќе зачини по желба.

Добар апетит!

Прегледи:
582
Објавено на:
21.11.2018