Категории

Научи да бидеш среќен за 21 ден!

Наследните особини и искуството од детството заземаат 50% од нашиот потенцијал да бидеме среќни, а останатите 50% зависат од самите нас. Секој може да научи да биде среќен!

Личностите кои се сметаат себеси за многу среќни не се ниту побогати, ниту пак поуспешни од другите, туку имаат откриено што нив ги прави среќни. Според едно ирско истражување, нивото на хормонот на среќата-серотонинот зависи од тоа колку сме го добиле во текот на детството. Наследните особини и искуствата од детството сочинуваат 50% од нашиот потенцијал да бидеме среќни, а остатокот зависи од нас.

-Луѓето може да научат да бидат среќни, или барем повеќе расположени и задоволни. Со примена на неколку златни правила и техники на ментални вежби, секој може да постигне чувство на исполнетост и внатрешно задоволство- тврди проф. Мартин Селигман од Универзитетот во Пенсилванија. Тој заклучил дека негативните мисли може да се контролираат, па дури и сосема да исчезнат. Според науката за среќата, секоја личност може да научи да биде среќна за 21 ден. Толку е потребно за со помош на менталните вежби во мозокот да се создаде „патека“ која чувството на среќа ќе го претвори во навика, а потоа уште 63 дена за тоа што е веќе научено да се примени.

Рецептот за среќа помеѓу останатото вклучува и секојдневна доза на смеење, затоа што токму смеењето предизвикува хемиски реакции во мозокот кои ги намалуваат стресот и напнатоста. Насмеаните луѓе се чувствуваат многу подобро и шират позитивни вибрации кои ги привлекуваат другите луѓе, па затоа лесно воспоставуваат контакти и стекнуваат пријатели. Исто така, луѓето кои се грижат и за другите се многу посреќни од тие кои се грижат само за себе си- тврди проф. Селигман.