Категории

Научи од мудриот, тоа е голема корист и научи го другиот, тоа е големо задолжение: Најубавите цитати на Доситеј Обрадовиќ

Поминаа 280 години од раѓањето на Доситеј Обрадовиќ, српскиот просветител и реформатор. Преведувал разни дела и пишувал свои. Ова се некои од неговите најдмудри мисли:

Научи од мудриот, тоа е голема корист. И научи го другиот, тоа е големо задолжение.

Учениот и разумен човек постојано учи и секогаш знае дека и понатаму малку знае.

Никогаш никого не навредувајте. А најмалку оние кои ни направиле добро и ни покажале љубов.

Злобниот човек бара повод да направи зло, а кога не може да го најде, без разлика ќе го направи она што го наумил.

Оние кои немаат во главата многу често мислат дека се помудри од другите.

Од лошиот и пакосен, а особено кога е посилен од нас, најдобро е да бидете што подалеку.

Мудриот човек се срами да се меша во она во кое не е вешт, а лудиот се срами ако не го пикне носот насекаде.

Кога таткото и мајката меѓусебно не се сакаат и почитуваат, од кого ќе научат нивните деца да ги сакаат и почитуваат? Ако сакате децата да ви бидат добри, подарете им уште од најраната младост пример за доблести.

Разумниот се храни за да живее, безумниот живее само за да се храни и дебелее.

Секој се лакоми на убава ружа, а кога ќе овене не ја ни погледнува.

Неукиот не може да ја трпи науката, бидејќи знае дека кога науката ќе стапи на сила, целата власт која е основана и утврдена на суеверие, ќе пропадне. Мракот бега пред сонцето.

Кога се пие, оној кој најмалку знае, најмногу говори.

Кој ги учи правилата на мудроста само за да му се смее на неразумниот и да го осудува, а не за да биде подобар, тој се родил луд, лудо живее и лудо ќе умре.

Цело општество и секоја единка, кога не се управува со здрав разум и мудри совети, задолжително мора да пропадне и да пропати.

Кога луѓето би останале исти секогаш, никогаш ниеден народ не би се подобрил ниту пак би се просветил.

Вистинската љубов не може да постои без почитување, а вистинското почитување не постои без доблести. А доблестите ги искусува здравиот, природен разум, кој кога ќе се соедини со науката, составува боженствен венец кој ја краси разумната душа.

Кој нема ни пријатели ни непријатели, тој нема во себе ништо исправно.

Ние луѓето сме слични на птиците кои секогаш се фаќаат во истата мрежа, а повторно не слушаат.

Само добриот човек е среќен.

Нема полоши луѓе од оние кои се противат на просветувањето и образувањето на народот. Тие, да можат и сонцето би го изгаснале.

Разумните одат напред, а неразумните или остануваат како што биле, или што е поверојатно, ако не се подобрат, стануваат сѐ полоши.

Не е доволно да имате убави вредности и способности, треба да знаете со нив и да управувате.

Карактерот на човекот во тешки моменти се познава.