Категории

Научници излечија глувци заразени со ХИВ вирусот, велат дека луѓето можеби се следни!

Во светот има околу 37 милиони луѓе кои живеат со ХИВ, а најновата студија објавена во „Комуникации за природа“ може да биде особено корисна за нив.

Научниците открија дека ХИВ вирусот може да се искорени целосно кај некои заразени глувци со употреба на технологија за менување на гени, наречена CRISPR преку лек за бавно ослободување од вирусот. Позитивните резултати ги постигнале две групи специјалисти, вклучувајќи имунолози, молекуларни биолози, вирусолози, фармаколози и фармацевтски експерти – предводени од Хауард Генделман од Медицинскиот центар во Небраска и Камел Халили од Факултетот за медицина на Луис Кац од Универзитетот Темпл.

ХИВ вирусот е болест која ги напаѓа човечки Т-клетки, кои се одговорни за борба против инфекции, паразити, бактерии и други антигени. Вирусот се шири преку контакт со одредени телесни течности на заразено лице и без третман ХИВ може да прерасне во СИДА, што сериозно го ослабува и уништува човечкиот имунолошки систем до тој степен што не може да се бори против инфекциите. Таа подоцнежна фаза на вирусот е причината за смрт на милиони луѓе откако се прогласи за епидемија.

Денес, сепак, со ефективен третман, луѓето со ХИВ можат да водат здрав живот. Тие дури можат да го намалат нивото на вирусот во нивното тело речиси до невидливост, а како резултат на тоа не можат да го пренесат вирусот на други луѓе.

Студијата беше спроведена на глувци кои беа научно манипулирани да произведат човечки Т-клетки. Пред да започне заедничката студија, Генделман спроведувал испитувања за LASER ART, додека Калили експериментирал со CRISPR веќе пет години. Студијата е комбинација од нивните независни истражувања.

Според „Global Citizen,“, тимот најпрво користел Gendelman’s LASER ART со цел да ја спречи репликацијата на клетките на вирусот, манипулирајќи со лекот да се фокусира на деловите на телото каде што веројатно ќе се развијат клетките на ХИВ како во коскената срцевина, слезината и мозочното ткиво . Потоа тие ја искористиле алатката за уредување на гени за да го избришат ХИВ-хромозомот од ДНК на глувците. По долгогодишно испитување на ткивото каде што заразените клетки би можеле да се кријат во глувците, научниците успеале да потврдат дека процесот бил успешен со елиминацијата на ХИВ кај девет од 23 глувци кои биле користени во студијата.

Сепак, Халили, Генделман и нивниот тим се изјаснија дека иако ова е само чекор во вистинската насока, тоа не е доказ за целосен лек за луѓето. Тимот во моментов истражува со цел да ја реплицира оваа студија кај други видови за да ги усоврши своите истражувања.

Доколку студијата даде позитивни наоди, тогаш првата фаза од клиничките човечки испитувања би можела да биде одобрена од Управата за храна и лекови уште во летото во 2020 година. Сепак, други експерти како Кевин Морис, професор во Центарот за генетска терапија, покажуваат голема загриженост во врска со несаканите ефекти од тој вид третман кај луѓето.

Постојат неколку други методи за лекување на ХИВ кои сѐ уште се тестираат, како вакцината за која се утврдило дека е безбедна. Истражувачите велат дека тие исто така успеале да излечат две лица со ХИВ преку трансплантација на матични клетки донирани од лица со многу невообичаена генетска мутација што ги прави отпорни на вирусот.

Иако влијанието може да не биде веднаш, јасно е дека има напредок на неколку фронтови во развивање на лек за ХИВ. Доколку конечно се пронајде лекот на овој вирус кој спаѓа во епидемија уште од 80-тите години, тоа ќе биде едно од најголемите откритија.

Прегледи:
582
Објавено на:
12.08.2019