Категории

Научници откриваат колку подземна вода има на Земјата

Вкупната количина се проценува на 23 милиони просторни километри.

Вкупната количина на подземни води на планетата Земја се проценува на 23 милиони просторни километри.
Во извештајот на објавениот магазин на Nature Geoscience се наведува дека само 6% од тие подземни води се погодни за користење – се работи за т.н. „модерни“ подземни води кои се наоѓаат недалеку од површината и можно е да се црпат.

„Тоа се подземни води кои најбрзо се обновуваат, во период од една човечка генерација“ – вели водичот на тимот научници, Том Гилсон од Универзитетот Викторија.

„Сепак тие модерни подземни води се најчувствителни на климатски промени и на човечко загадување. Тоа е клучен ресурс кој мораме да го чуваме подобро“ – додава Гилсон.

BBC пренесува дека вкупната количина на подземни води може полесно да се визуелизира ако се замисли дека целата копнена површина на планетата е прекриена со слој вода дебел околу 180 метри.

Тимот на Гилсон за својата проценка комбинирал повеќе податоци од целиот свет.
Меѓутоа, нивото на подземни води варира во различни регии и тие не се погодни за користење.

„На некои места се наоѓаат многу длабоко под површината, а на некои не. На многу места се со доста лош квалитет“ – вели Гилсон.

„Можат да бидат уште посолени од водата во океанот и можат да содржат стопени метали и разни хемикалии, па би требало да се преработат пред употреба за пиење и полјоделство“ – додава Гилсон.

Прегледи:
551
Објавено на:
22.11.2020