Категории

Научниците открија зошто не полазуваат морници од некои песни

Претходните истражувања покажаа дека во моментите кога се ежиме од музиката, нашето тело лачи голема количина на допамин, а најновото истражување покажа и зошто.

Кога вистинските тонови ќе се погодат, кај многу луѓе се јавува необична реакција. Некаде околу 2 третини од светската популација се ежи кога ќе слушне некоја песна, а научниците имаат поделени мислења околу прашањето зошто се случува тоа.

Претходните истражувања покажаа дека во моментите кога се ежиме од музика нашето тело лачи поголема количина на допамин, а најновата студија објавена во магазинот Social Cognitive and Affective Neuroscience објаснува што точно се случува во нашиот мозок тогаш која ќе се погоди „вистиската нота“.

Оваа реакција се нарекува „естетско ежење“, а понекогаш и „оргазам на кожата“. Иако обично се поврзува со музика, таа може да се јави и при разговорите или перципирањето на визуелните уметности.

За да истражат што се случува во мозокот за време на ежењето, група на научници од Универзитетот Харвард избрале група на луѓе кои што некогаш се наежиле на музика, како и луѓе на кои што никогаш не им се случило тоа.

Во експериментот биле скенирани мозоците од субјектите додека слушале музика. Резултатите покажале дека мозоците на индивидуите кои што реагираат и се ежат на музика имаат повеќе нервни влакна кои што ја поврзуваат аудитивната кора со делот од мозокот кој што ги процесуира чувствата.

„Сметаме дека поврзаноста на аудитивната кора и овие делови од мозокот овозможуваат музиката да предизвика емотивен одговор. Тешко е да се каже со сигурност дали ова може да се научи со текот на времето или дали овие луѓе природно имаат повеќе влакна. Се што можеме да кажеме е дека овие разлики можат да ја објаснат реакцијата која што ја гледаме“, вели авторот на студијата, Метју Сакс.

Прегледи:
392
Ознаки:
·
Објавено на:
10.11.2016