Категории

Научниците откриваат како имунолошкиот систем се бори против корона вирусот

Како имунолошкиот систем се бори против коронавирусот?

Научниците од Институтот за инфектологија и имунологија во Мелбурн: „Ова откритие е важно затоа што сега за прв пат разбравме како нашиот имунолошки систем се бори против новиот корона вирус“.

Научниците во Австралија откриле како човечкиот имунолошки систем се бори со новиот коронавирус. Откриле четири типа на имунолошки клетки кои работат на тоа, што исто така може да им помогне да развијат вакцина.

Сега тие ќе започнат со истражување зошто имунолошкиот одговор е полош во тешките случаи. Научниците од Институтот за инфектологија и имунологија во Мелбурн набљудувале во болница во Австралија, пациентка од кинескиот Вухан со корона вирус. Таа имала благи до умерени симптоми и немала други здравствени проблеми пред почетокот на вирусот. Како што за БиБиСиобјасни ко-авторката на студијата од Институтот во Мелбурн, тие ја следеле „целосната имунолошка реакција“ на 47-годишната, која се опоравила во рок од 14 дена.

Три дена пред да започне да се подобрува состојбата на пациентот, во нејзиниот крвоток се пронајдени специфични имуни клетки кои во слично време се појавиле и кај пациенти со грип пред закрепнувањето. Откриени се четири различни типови на имунолошки клетки. „Бевме воодушевени од нашите резултати и фактот дека имуните клетки се појавуваат кај пациентот пред клиничко подобрување“, рече коавторот на студијата, објавена во списанието „Nature Medicine“.

„Ова откритие е важно затоа што за прв пат, ние навистина разбираме како нашиот имунолошки систем се бори со новиот корона вирус“. Деканот на универзитетот, Брус Томпсон, потврди дека откривањето кога може да се појават имуните клетки може да помогне да се предвиди текот на закрепнувањето. Австралискиот министер за здравство Грег Хант истакна дека откритието исто така може да помогне во забрзување на развојот на нова вакцина против коронавирусот и потенцијален третман за оние заразени со вирусот.

„Сега е клучно да се утврди што недостасува или се разликува кај пациенти кои биле здрави и кај оние кои имаат сериозна болест. Значи, можеме да знаеме како да ги заштитиме“, објасни таа.

Прегледи:
498
Објавено на:
28.03.2020