Категории

Научниците тврдат: Дигањето на тегови ги намалува симптомите на депресија и го подобрува расположението!

Добро е познато дека вежбањето е добро за здравјето, а научниците дошле до заклучок дека кревањето на тегови помага при анкциозност и депресија

Вежбањето има добар ефект врз менталното здравје, па дури и помага во борбата против депресијата, тврдат научниците.

Поточно, ова истражување било засновано на кардио вежби, како што се трчање и возење велосипед. Сепак, дали кревањето тегови има ист ефект? Во истражувањето чии резултати биле објавени во магазинот JAMA Psychiatry, научниците дале одговор на ова прашање.

Откако анализирале 33 експерименти на тема кревање на тегови и депресија, тие дошле до заклучок дека оваков начин на тренинг е поврзан со подобрување на состојбата на луѓето со симптоми на депресија, но и лошото расположение.

Се разбира, ова не е лек, но истражувачите потенцираат дека континуитетот во кревање на тегови ги намалува симптомите кај луѓето кои се чувствувале депресивно на почетокот на студијата.

Добрата вест е дека истите резултати биле забележани кај луѓе кои тренирале двапати неделно, но и пет пати неделно.

Прегледи:
603
Објавено на:
25.03.2020