Категории

Научниците тврдат: Лекот за здраво срце и коски се крие во наједноставните нешта

Движењето влијае позитивно на активностите на мозокот, но и на здравјето на срцето, губитокот на тежината, густината на коските и нивото на холестеролот, покажуваат резултатите од последните истражувања.

Движењето го подобрува креативното размислување со зголемување на хипокампусот, односно оној дел од мозокот којшто е задолжен за вербалната меморија и учењето.

Оние коишто прават најмалку 10.000 чекори дневно, изложени се на двојно помал ризик од прерана смрт.

Движењето, како “чудесен лек”, исто така позитивно влијае и на густината на коските и нивото на холестеролот, како и на расположението и функциите на мозокот.

Во студијата на Универзитетот Стенфорд, којашто е направена во 2014-та година, утврдено е дека движењето го подобрува креативното размислување (генерирање на нови идеи и начинот како да се спроведат истите), пишува Daily Mail.

Во нивната студија се наведува и дека не е важно каде, туку дека е важно единствено само да се движиме, без разлика дали тоа го правиме во отворен или затворен простор.

Исто така не е важен ниту интензитетот на движење – не е потребно човек да се испоти, иако тоа се смета за пожелно, па во таа смисла, истражувачите го анализирале неаеробното движење.

Движењето исто така влијае и на депресијата и анксиозноста, иако не е јасно зошто е тоа така. Дури е утврдено и дека, кога станува збор за кардиоваскуларното здравје, одењето е дури подобро и од трчањето.

Истражувачите за ова истражување следеле 3.000 испитаници, на коишто им бил даден педометар, којшто ги мери изминатите чекори, и тоа во период од околу 15 години.

Прегледи:
353
Објавено на:
02.05.2017