Категории

Научниците во потрага по сродната душа: Ова е најголемата тајна на среќните парови

Дали знаете што ја гарантира стабилната, квалитетната и успешната љубовна врска? Без една работа, љубовта дефинитивно не може да трае.

Психологот Питер Пирсон, кој во Калифорнија го води Институтот за парови и целата своја кариера ја посветил на решавање на љубовните проблеми, тврди дека само едно нешто гарантира стабилна и успешна врска.

А тоа се – темелните вредности. Поточно, важно е да ги делите истите темелни вредности со партнерот.

 

„Само една работа гарантира стабилна и успешна врска“.

 

Темелните вредности се поважни од налетот на возбудување што го чувствувате кога ќе сретнете некој кон кого чувствувате привлечност, затоа што тие хормонални реакции ќе избледат со текот на времето, а заедничките вредности остануваат, изјавил доктор Пирсон.

Тој вели дека интересите можат да бидат предмет на компромиси, но не и вредностите.

Доколку сакате за викенд да одите во природа, а вашиот партнер сака да останете дома и да подготвите вечера за пријателите, можете да направите компромис со тоа што ќе се договорите да ја исполните неговата желба овој викенд, а следниот вашата.

Меѓутоа, ако сакате деца, а вашиот партнер експлицитно ја отфрла таа идеја, тоа е прашање на темелни вредности, што може да доведе до проблеми во врската.

Затоа е важно кога се впуштате во љубовна врска да ги земете во предвид вашите вредности, како и вредностите на личноста за која сте заинтересирани, за во иднина да не дојде до судир на вашите светови.

Прегледи:
477
Објавено на:
06.02.2020