Категории

Научно докажано: Зошто сме посреќни на море?

Научниците откриле дека 10 минути гледање во хоризонтот ни создава чувство на опуштеност и среќа.

Дали некогаш сте се запрашале зошто толку многу го сакате морето? Секако дека главната причина е за капењето, сончањето и уживањето во прекрасните песочни плажи, но научниците откриле дека морето врз нас има и големо психолошко влијание кој влијае на функционирањето на нашиот мозок.
Утврдено е дека гледањето во хоризонтот ја менува хемиската активност на мозокот и доведува до смиреност и опуштеност, но и до зголемено чувство на среќа.
Првата работа која се случува кога сте покрај море е тоа што во вас влегува кислородот збогатен со морска јод кој прави вашиот мозок да функционира подобро. Исто така, самиот мирис на морето делува смирувачки и го опушта човекот, а тоа доведува да се чувствувате многу пријатно и убаво.
Морските бранови ги смируваат очите, а константното движење на водата и правата линија на хоризонтот овозможуваат вашето тело дополнително да се опушти, а често се случува и поединци да бидат во состојба која е слична на медитацијата.
Звукот на морето исто така има смирувачки ефект и може да им помогне на луѓето кои се борат со депресија и несоница.
Морето не е лековито само кога во него се капете, туку и кога престојувате покрај него, па затоа обидете се што повеќе да уживате во плажата и преубавиот поглед на бескрајното сино.

Прегледи:
650
Објавено на:
09.07.2019