Категории

Научно: Каде одат изгубените чорапи?

Науката конечно има одговор на едно од најтешките прашања со кои ние како човештво сме соочени: каде исчезнуваат чорапите?

Според истражувањата, просечниот човек губи повеќе од 1.200 чорапи во текот на животот, па психологот Сајмон Мур и статистичарот Џеф Елис одлучиле да откријат каде исчезнуваат чорапите.

Одговорот е: (L(p x f) + C(t x s)) – (P x A). Односно, веројатноста на губење чорапи зависи од количината на вешот што се пере во машина, сложеноста на програмата за перење, од што се одзема нивото на внимание кое се посветува на задачата, помножено со ставот на личноста кон перењето веш.

„Со поедноставни зборови, разновидноста на вешот и вашето внимание кон ситниците за време на перењето се најважните фактори кои придонесуваат за губење на чорапите“, изјавиле тие.

Меѓутоа, каде одат тие чорапи? Според истражувањето, најчесто паѓаат зад радијатори, под мебелот или во веш со друга боја и така се раздвојуваат од своите „близначки“.

Прегледи:
367
Објавено на:
28.04.2016