Често се случува …
Постои непишано правило дека кој и да ни се допаѓа и со кој би сакале да започнеме убава љубовна приказна, не нè сака.
– Штом некој не ни ја возвраќа љубовта и очигледно не не симпатизира, ние почнуваме да чувствуваме длабока поврзаност со него – тврди антропологот Хелен Фишер.
Во овој случај, најдобро е да не мислиме на личноста која не не сака или едноставно да се повлече, но се случува спротивното. Тогаш стануваме опседнати со тоа и ќе сториме се за да го освоиме.
Во мозокот во тој момент се активира делот за наградување и вие чувствувате голема енергија, силен фокус, интензивна мотивација и подготвени сте да ризикувате сè за да ја освоите таа личност, затоа што тоа го сфаќате како животна награда. Опседнати сте со освојување на срцето на таа рамнодушна личност – вели Фишер.
Таа посочува дека тоа не значи дека ќе бидете среќни кога ќе го освоите, затоа што веќе не размислуваме за суштината, туку само за форма – како да окупираме непобедлива тврдина.
Целосно сме заслепени и само откако ќе помине некое време, можеме да видиме колку сме биле во заблуда, заклучи таа.