Категории

Науката објаснува: Ова е главната одлика на неодоливите луѓе

Кога некој не ни ја возвраќа љубовта и очигледно не гаи симпатии кон нас, ние почнуваме да чувствуваме длабока поврзаност кон него – тврди антропологот Хелен Фишер.

Наместо да ја игнорираме, не размислуваме за неа или едноставно достоинствено се повлечеме, ние стануваме опседнати со желбата да ја освоиме таа личност.

„Во мозокот во тој момент се активира делот за надградување и вие чувствувате голема енергија, силен фокус, интензивна мотивација и подготвени сте да ризикувате се за да ја освоите таа личност, бидејќи ја доживувате како животен трофеј. Опседнати сте со освојувањето на рамнодушна личност“, вели Фишер.

Таа потсетува дека тоа не значи дека ќе бидеме среќни кога ќе ја освоиме, бидејќи повеќе не размислуваме за суштината, туку само за формата – како да освојуваме неосвојлива тврдина.

Потполно сме заслепени и дури кога ќе пројде одредено време, гледаме колку сме биле нереални идеализирајќи ја таа личност.

Прегледи:
390
Објавено на:
08.06.2018