Категории

Науката открива: дали луѓето во брак се посреќни?

Низ историјата, бракот стана идеален за општеството.

Идејата е да го пронајдете вашиот „духовен пријател“, да се венчате и како резултат на тоа да бидете бесконечно среќни. Многу студии од 20 и почетокот на 21 век го прославиле бракот прикажувајки го како обележје за заеднички живот. Како резултат на тоа многу власти вовеле мерки како што се попусти и здравствени придобивки за да го охрабрат бракот. Но, едно ново истражување открило дека луѓе во брак не се толку среќни и здрави како што мислеле.


Истражувањето спроведено на повеќе од 24.000 Германци открило дека луѓето во брак биле среќни во првата година од бракот, а потоа нивната среќа се вратила на основно ниво. Тој феномен го нарекле „период на меден месец“ и нагласиле дека луѓето во просек брзо и целосно се прилагодуваат на бракот. Друга студија открила дека нивото на среќа се намалува и дека бракот во подоцнежните години не поддржува заедничка среќа. Овој наод има биолошка основа во хемијата на мозокот – фенилетиламин (РЕА) кој е поврзан со добро расположение.

Истражувачите тврдат дека среќата може да се намали кога невроните се навикнуваат на влијанието на РЕА, или заради намалување на неговото ниво со текот на времето. Друга студија од Германија ги поддржува заклучоците од претходните истражувања. Во оваа студија, научниците не пронашле докази дека децата влијаат на задоволството во животот. Авторите истакнле дека корист од бракот е „социјалната поддршка“ што луѓето ја наоѓаат кај својот партнер. Има позитивно влијание врз дружењето, емоционалната поддршка и сексуалниот однос, но тоа се намалува со текот на времето. Луѓето се прилагодуваат, а понекогаш престануваат да се дружат со други пријатели.


Во минатото, бракот можеби обезбедувал поголема среќа и задоволство, но современото истражување се покажало спротивното. Општеството мора да ја отфрли заблудата дека бракот е социјален идеал. И луѓето кои не се во брак можат да живеат среќно. Ако сакате исполнет и среќен живот, веројатно е дека бракот не треба да ви биде најважниот критериум.

Прегледи:
547
Објавено на:
20.08.2019