Категории

Науката открива кој вид женско лице мажите го сметаат за најпривлечно

Едно истражување објавено во списанието „Royal Society Open Science“ ни открива кое женско лице мажите го сметаат за најпривлечно и зошто. Резултатите покажуваат навистина интересен заклучок – а тоа е дека постои една универзална карактеристика кај женските лица која го привлекува вниманието на секој маж.

Според научниците, мажите најмногу се привлечени од едноставните женски лица. Во истражувањето учествувале 169 мажи, со просечна возраст од 39 години, на кои им биле покажувани случајно одбрани фотографии од женски лица. Испитаниците требало да ги набљудуваат женските лица и да ги оценат со број помеѓу 0 (најмалку привлечно) и 20 (најпривлечно).

Мажите највисоки оцени им давале на оние лица кои научниците ги опишувале како едноставни – мазни текстури на кожата, со малку бори и нежни црти. Студијата објаснува дека човечкиот мозок е програмиран на тој начин што преферира нешта кои може најлесно и најбрзо да ги „обработи“, што не е ограничено само на лица, туку вклучува на пример и пејзажи.

Ова сознание може дури и да ја објасни огромната раширеност на емотиконите, кои имаат многу едноставни лица поради што мозокот лесно ги перципира и разбира. Зарем има подобар начин да кажете дека сте среќни од испраќањето на едно слатко смајли?

Прегледи:
334
Објавено на:
27.04.2016