Категории

Науката потврдува – Сосема е во ред да ги потрошите сите пари на патувања

Клучот на среќата се крие во искуствата, а не во материјалните нешта

Универзитетот Корнел во Њујорк вели дека е сосема во ред да ги потрошите сите пари на патувања, затоа што клучот на среќата се крие во искуствата, а не во материјалните нешта.

Студијата со психологот др. Томас Гилович траела две децении, а се покажала како една од најважните разлики помеѓу искуството и прилагодувањето.
„Купуваме нешта со цел да станеме посреќни и тоа ни успева – само накратко. Новите нешта ни се интересни на почетокот, но брзо се навикнуваме на нив. Од друга страна, среќата која ја чувствуваме кога ќе испробаме нешто ново со тек на време се зголемува и тие искуства стануваат дел од нас во изградбата на нашиот идентитет“, појаснува др. Гилович.

Поедноставено, тоа е причината зошто онаа маица за која долго сте пателе сте ја облекле вкупно два пати а првото летување без родителите ќе го паметите целиот живот.
Др. Гилович советува парите кои ги штедите за нов телевизор, веднаш да ги пренамените и да ги потрошите на некое патување или на ново хоби.
„Можете навистина да ги сакате материјалните нешта. Можете да мислите дека се врзани со вашиот идентитет, но тие можат да постојат и без вас. Од друга страна, вашите искуства се навистина дел од вас. Вие сте збир од сопствените искуства“, заклучи научникот.

Прегледи:
583
Објавено на:
08.12.2019