Категории

Навремена дијагностика и третман на предијабетес – превенција за развој на дијабетес

Заврши едномесечната кампања на компанијата „Варус“, агент на Мерк, Германија, и Здружението на лекари по општа – семејна медицина, како дел од глобалната кампања за подигнување на свеста за превенција и контрола на дијабетесот.

Во изминатите месец дена, кампањата која се одвиваше на FB и Instagram страницата Здравјето приоритет- Аларм за свест и со поддршка на медиумите испрати пораки до пациентите, но и до лекарите за препознавање на предијабетесот, акцентирајќи го фактот дека навремена дијагностика и соодветен третман на предијабетес, му даваат на пациентот можност преку промена на животниот стил и примена на соодветна терапија да го превенира или одложи развојот на дијабетес мелитус тип 2.

„Како дел од нашата стратегија за општествено одговорно делување, ги отворивме FB и Instagram страниците Здравјето приоритет- Аларм за свест како наменски комуникациски канал, преку кој, реализираме кампањи за подигнување на свеста од одредени заболувања. За потсетување, во текот на месец мај, и тогаш во соработка со Здружението на лекари по општа – семејна медицина реализиравме низа активности за подигнување на јавната свест за различните типови на пореметувања на тироидната жлезда. Сите содржини се достапни на страниците и корисниците на овие социјални мрежи можат, во секое време, да ги прочитаат нашите совети за погоре споменатите заболувања“ – истакнуваат од „Варус“.

Во контекст на улогата на општиот-семејниот лекар, Д-р Елизабета Костовска Прилепчанска, Специјалист по семејна медицина и Генерален Секретар на Здружението на лекари по општа медицина – семејна медицина посочува:

„Улогата на општиот – семејниот доктор е многу значајна во превенцијата, раната дијагноза, а понатаму и правилниот третман и спречувањe на настанувањето на компликациите од ова заболување. Имајќи ја привилегијата да бидеме доктори на целото семејство, имаме информација за семејната предиспозиција, знаеме која трудница имала дијабет во бременоста и токму кај тие пациенти вршиме почести контроли на шеќерот во крвта и соодветно на вредностите превземаме и активности. Во исто време правиме и едукација за здрави животни навики, правилна исхрана, физичка активност од најмалку 150 минути неделно. Превентивните прегледи кај кои при мерењата би биле добиени вредности меѓу 5,6-6,9 ммол/л на гликемијата на гладно, односно меѓу 7,8-11.0 ммол/л на ОГТТ (орален гликоза толерантен тест) или 5,7-6,4% тромесечен HbA1c, ни овозможуваат да го детектираме предијабетесот. Во оваа фаза доколку се почитуваат насоките на докторот за здрав животен стил и во исклучителни ситуации и со примена на фармакотерапија ( метформин), многу лесно може да се дојде до нормализирање на вредности не само на шеќерот во крвта, туку и на крвниот притисок и телесната тежина и на тој начин пациентот би се заштитил од посериозни последици кои ги носи дијабетот.“

Во рамките на кампањата, „Варус“ беше активно вклучен и во активностите кои ги организираа Сојузот на здруженија на дијабетичари и Здружението на лекари по семејна медицина за одбележување на 14 ноември,

Меѓународниот ден за борба против дијабетес, но и дел од акредитираните предавања на тема “Идентификација и третман на предијабетес во превенција на ДМ тип 2“ кои се одржаа во неколку града низ земјата.

За „Варус“

Основана во 1990 година, „Варус“ е една од првите приватни копмании за промет на големо со лекови, хемикали, реагенси, лабараториски потрошен материјал, опрема и медицински помагала. Веќе 30 години, компанијата е ексклузивен застапник во РС Македонија за промет и дистрибуција на најстарата хемиско-фармацевтска компанија во светот Merck KgaA, која водена од иновации, активо работи на промоција и развивање на лекови и здравствени концепти, интелигентна и креативна примена на производите и решенијата во корист на луѓето и животната средина. Денес, компанијата „Варус“, освен во РС Македонија е присутна, преку свои филијали, и на пазарите во Србија, Албанија и Косово.

Прегледи:
550
Објавено на:
02.12.2019