Знам дека посакуваш љубов, но исто така сакам да знаеш дека не мораш да чекаш на неа. Сакам да знаеш дека не мораш да чекаш да бидеш забележана или збрана од некого за да се чувствуваш убаво и привлечно.
Светлината зрачи низ тебе. Секогаш ќе постојат луѓе кои ќе те гледаат поради она кое вистински си и ќе те сакаат поради тоа, но исто така ќе постојат и такви кои ќе бидат премногу загатени или нема да имаат време.
Но неможноста да те видат поради она што си не е доказ дека не вредиш.
Без оглед на тоа дали тие се во твојот живот или не, дали тие те гледаат на вистинскиот начин или не – ти и понатаму ќе рефлектираш светлина, ќе цветаш и ќе станеш она кое што си создадена да станеш.
Ти не зависиш од туѓите погледи.